11 решенија за намалување на родовиот јаз во платите

Непрофитната организација за економски истражувања и политики, Finance Think, креираше листа со 11 можни решенија кои можат да ги намалат разликите во платите меѓу мажите и жените во Македонија.
Зголемување на минималната плата, воведување на флексибилно работно време, воведување на право за скратено работно време за родител на новородено дете, како и поголемо учество на жените во стручното образование, се дел од понудените решенија. Целта на овие предлози е да ја зајакне свесноста против платна дискриминација, подигање на потенцијалот на жените да заработуваат повисоки плати, како и поттикнување активација на жените на пазарот на труд.
Листата со предлози, прикажана преку „шоукарта“, е произведена во рамки на проектот поддржан од Central European Initiative – CEI KEP Austria, со поддршка од Austrian Development Agency. Таа може целосно да се прочита на следниот ЛИНК.