11 претстави годинава на „Лица без маски“

Мултимедијалната претстава „Плацебо“, на режисерката и корегорафка Ана Пампулова од Софија, Бугарија, на 12 септември, ќе го отвори годинешното седмо по ред издание на ИТФ „Лица без маски“, кое ќе се одржи од 12 до 17 септември во Универзална сала во Скопје.

Фестивалската програма годинава ќе понуди исклучителни квалитетни театарски преформанси кои ги нудат европската и македонска независна продукција.

11 претстави годинава на „Лица без маски“

На репертоарот се претставите: „Јас сум вода“, на трупата „Костелационе“, од Италија, чешката претстава „Соседи“ на режисерот Павел Штоурац, од театарот „Континуо“ која во изминатите години ја освои публиката на бројни европски и светски фестивали, како и првото гостување на театар од Грција на фестивалод, од „Арт и медија зона“, кои доаѓаат со претставата „Исмини и Калипсо“ во режија на Ефи Мерваглу.

11 претстави годинава на „Лица без маски“На програмата е и претставата „Штом ќе се исполнат соништата, повеќе не можеш да живееш во нив“, на театарот „Лудум, Лудум“ од Белград, под режисерската палка на Петар Ристовски, истакнат театарски и филмски режисер од Србија.

Ексклузивната програма на годинешното издание на фестивалот, во селекција на Игор Ивковиќ, театарски режисер, покрај гостувањето на европските независни театри, е зачинето со бројни македонски претстави.

Како куриозитет, во натпреварувачката програма на фестивалот годинава е експресивниот буто танц на Васил Зафирчев, работен според книгата „Дневникот на Хулиганот“ на Сашо Димовски, каде покрај изведбата на претставата, ќе биде одржана и промоција на книгата.

На програмата е и претставата „Три сестри“, на младата и талентирана режисерка Теа Беговска, позната по експериментирањето на театарскиот простор.

Чест и задоволство е годинава на програмата и во официјалната конкуренција да бидат и претставите „Виктор и Викторија“ на режисерот Војо Цветановски, работена за магистерскиот труд на продуцентката Сибел Јакуповиќ, а секако импресивно е и гостувањето на независниот „Интимен театар“ од Битола, кои доаѓаат со претставата „Трансферату“ во режија на Софија Ристевска.

На последната вечер на фестивалот ќе се одржи уште една промоција. Станува збор за несекојдневната мултимедијална промоција на книгата „Стрмоглаво кон височините“, на авторката Марта Маркоска.

Во чест на доделувањето награди, на последниот фестивалски ден, организаторите Независната продукција „Театар 007“ ќе ја изведе претставата „Ќелавата пејачка“ во режија на Игор Ивковиќ.

Извор