Министерството за внатрешни работи информира дека вчера, 28 ноември, во 20:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека улицата „Перо Наков“ во Скопје, патничко возило удрило во 11-годишна малолетничка од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’“, соопштува МВР.
Од таму нагласуваат дека извршен бил увид од екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.


