11 филмови, детска работилница и концерт денеска на програмата на „Синедејс“

Филмскиот фестивал „Синедејс“ денеска започнува со детска програма. Од 11 часот се прикажува филмот „Ловци на вештерки“ во режија на Рашко Милковиќ, по што во 13 часот во Џебното кино на МКЦ ќе биде организирана и детска работилница „Филм за деца“ со режисерот.

На работилницата ќе се зборува за тоа како се прават филмови и кој сè учествува во тимот на филмската екипа.

Од 15 часот во Кино Милениум ќе се прикаже реприза на филмот „Белата Врана“ на Ралф Фајнс, а од 17:30 „Остров на кучиња“ од Вес Андерсон. За вечерашната програма предвидени се филмовите „Човекот што го уби Дон Кихот“ на Тери Гилиам од 20 часот и „Зајдисонце“ на Ласло Немеш од 22:30 часот.

На програмата во Кино Фросина покрај „Ловци на вештерки“ од 13 часот ќе се прикаже и филмот „Планинско чудо“. Вечерва во 19 часот ќе се прикаже „Граници, дождови“ на Никола Мијовиќ и Властимир Судар, од 21 часот посетителите ќе можат да го погледнат краткометражниот „Готлиб“ на Крсте Господиновски, а на крајот на програмата за денес е „Сама на мојата свадба“ од Марта Бергман.

Сцена од „Готлиб“

Во Џебното кино на МКЦ вечерва од 20 часот ќе може да се погледне филмот „Море од жито“ на Фабрицио Гвардучи, а од 22 часот и филмот „Ирански Рејв“ на Сузан Регина Меуреш.

Од 23 часот во рамките на СинеМјузик во МКЦ ќе има и музичка програма со настап на Gabe Gurnsey, придружен од John Rivet, што подразбира еден куп машини за произведување звук, но тој лично ќе седи зад сет со тапани. Дополнително ќе настапат и Kanton 6 и Марко Рикалоски.

Целата денешна програма и повеќе детали може да најдете ОВДЕ.