„103 Fundraiser“ во клубот Папаја

103Екипата на музичкото радио Канал 103 во сабота, на 29 март по организира целовечерна клубска забава насловена „103 Fundraiser“.

Локацијата на забавата која се организира по подолга пауза е во клубот Папаја.

Овде, на два подиума, дискџокеите на Канал 103 ќе ги потсетат посетителите на уметноста на добриот провод и квалитетната социјализација.

„Нека биде една од оние прекрасни скопски подземни вечери!“, порачуваат од Канал 103.