102 години од раѓањето на Jackson Pollock

На денешен ден (28 јануари) е роден влијателниот американскиот сликар, еден од најистакнатите претставници на апстракниот експресионизам, Jackson Pollock (1912-1956).

102 години од раѓањето на Jackson Pollock

Pollock бил вистинска суперѕвезда и најголем уметник на својата генерација. Комбинирајќи ги техниките на Pablo Picasso, Thomas Hart Benton и David Alfaro Siquieros, како и вештините на сликање со песок на американските Индијанци, тој создал сопствена, оригинална техника. Еве некои од неговите познати дела:

„Океанско сивило“, 1953

Мурал, 1943

Мурал, 1943

„Сини столбови“, 1952

„Портрет и сон“, 1953

„Портрет и сон“, 1953

„Машко и женско“, 1942

Pollock загинал во сообраќајна несреќа во 1956, возејќи под дејство на алкохол. Неговиот живот е екранизиран во биографскиот филм Pollock, награден со „Оскар“ во 2001 година, во која големиот уметник го играше актерот Ed Harris. Погледнете го и овој документарен филм за Jackson Pollock: