101 новозаболен, 22 оздравени и 5 починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 101 нов случај на Ковид-19 од вкупно направени 776 тестирања.

Најголемиот дел од новозаболените се од Скопје- 57, Тетово – 19, Куманово – 13,  Штип – 3 и по двајца новозаболени во Ресен и Битола. По еден новозаболен има во Дебар, Струга, Велес, Охрид и Гостивар.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 22 оздравени пациенти.

Изминатово деноноќие од коронавирусот починале 5 лица, еден пациент од Скопје, два пациента од Куманово и по еден од Струга и Гостивар. Во ГОБ „8 септември“ починаа пациентка од Скопје на 77 годишна возраст, примена на 2 јуни и пациент од Гостивар на 45 години, хоспитализиран на 14 јуни. Во ОБ Струга почина пациент на 80 години, хоспитализиран на 15 јуни. Во ОБ Куманово почина пациент на 51 година, примен на 14 јуни. На 19 јуни почината е пациентка од Куманово на возраст од 40 години, потврдена позитивна на 20 јуни.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5106, бројката на оздравени пациенти е 1926, на починати е 238, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2942.

Направените 776 теста се преку ИЈЗ –346, ЦЈЗ Скопје-13, Авицена –90, Биотек –130, МАНУ -137, Жан Митрев (Филип Втори) -60 и Судска медицина-0. До праќање на извештајот во ИЈЗ не се стигнати податоци од лабораторијата на Систина. Доколку стигнат, ќе бидат внесени во утрешниот извештај. Досега во земјата се направени вкупно 51.160 тестирања на ковид -19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 95 пациент. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 133 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 35 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 18 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 81 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.