„100 илјади поети за промена“ вечерва во Струмица

На две локации во Струмица, со изложба, промоција и читања вечерва ќе се одржи 11. издание на меѓународната манифестација „100 Илјади поети за промена“.

Па така, во НУЦК „Антон Панов“ (камерна сцена), со почеток во 20 часот ќе се одржи промоција на годишниот зборник „100 Илјади поети за промена“ и поетско читање на поети од градот како и поети гости од цела држава. Музичка поддршка на овој настан ќе обезбеди TBA.

На местото наречено „наГоре“, со почеток во 22 часот ќе има изложба на плакати од годишниот конкурс, како и музичко сценски перформанс на етно колективот „Перија“.

Ова е настан е дел од „100 Илјади поети за промена“ – меѓународна манифестација која годинава се оддржува во повеќе од 15 држави во светот, со десетици закажани виртуелни и офлајн настани, а Северна Македонија и Струмица се дел од ова движење уште од самиот почеток.