„100 илјади поети за промена“ по четврти пат во Струмица

Во сабота, на 27 септември, во Струмица ќе се одржи четвртата по ред манифестација „100 Илјади поети за промена“. Овој настан е дел од глобалната манифестација „100 Thousand Poets for Change“, меѓународна манифестација која годишно се одржува во повеќе од 100 држави.

10625106_269788016548246_7574120193034910867_n

Целта на настанот е мобилизирање на сите поети ширум светот. За оваа година се закажани 700 поетски средби во повеќе од 100 држави во светот.

Како дел од програмата во Струмица ќе се реализираат две читања, од кои дневните поетски рецитали се наменети за основците и средношколците од општина Струмица, додека вечерното читање е наменето за поетите од цела држава кои со целосен ентузијам ја поддржуваат идејата и мисијата на движењето.

Годинава по втор пат ќе биде промовиран алманах „100 Илјади поети за промена“ во кој ќе бидат застапени дел од поетите кои ќе учествуваат на конкурсот за поезија. Целта на глобалното поетско движење е подигање на свеста кај граѓаните за проблемите со кои се соочуваат, а поетите имаат единствена можност преку сопствената ангажирана поезија да проговорат за сите прашања.

Манифестацијата досега се одржа во Кавадарци, Штип, Гевгелија и Скопје.