10 студенти ќе говорат на актуелни теми на 22. Ораторска вечер на Правниот факултет

Десет студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ вечерва ќе се натпреваруваат во финалето на 22. Ораторска вечер „Иво Пухан“.

Организаторите ветуваат говори на актуелни теми по избор на ораторите, а најдобрите три говори ќе освојат и награди.

Семејството на починатиот актер Бранко Ѓорчев ќе ја додели наградата “Бранко Ѓорчев” за најдобра интерпретација.

Настанот ќе се одржи во Свечениот амфитеатар на Правниот факултет, со почеток во 19 часот.