10.665 слободни места за студенти на УКИМ, првите уписи на 29 и 30 август

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје за упис во прва година додипломски студии во учебната 2019/2020 година слободни се вкупно 10.665 места.

Според Конкурсот на УКИМ, во квотата за редовни студенти слободни се 5.387 места, за редовни со кофинансирање има 4.248 места, додека за вонредни студенти слободни се 1.030 места.

Најмногу слободни места има на Природно-математичкиот факултет, вкупно 1.220, а над илјада слободни места имаат и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (1.080), Филолошкиот факултет (1.075) и Правниот факултет „Јустинијан Први“ (1.055).

Најмалку слободни места има на Факултетот за драмски уметности (30) и на Факултетот за ликовни уметности (44).

Надоместот што го плаќаат редовните студенти останува 200 евра, како и 400 евра за тие што ќе се запишат во квотата со кофинансирање.

Првиот уписен рок е на 29 и 30 август, вториот на 12 и 13 септември и третиот рок на факултетите каде што ќе има слободни места е на 25 септември. Почетокот на учебната година за студентите е на 1 октомври.