1.321 новозаразен и 26 починати од Ковид-19 во изминатите 24 часа

Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека во последните 24 часа е регистриран рекорден број на новозаразени – 1.321 нов случај на Ковид-19, односно, регистрирани се 583 случаи во Скопје, 100 во Куманово, 80 во Тетово, 64 во Велес, 57 во Прилеп, 50 во Битола, 46 во Гостивар,  40 во Штип, 35 во Кичево, 31 во Охрид, 29 во Кочани, 24 во Неготино и 23 во Кавадарци.

Потоа, регистрирани се 22 случаи на Ковид-19 во Гевгелија, 15 во Струмица, по 13 во Струга и Виница, по 12 во Дебар и Свети Николе, по десет во Демир Хисаср и Ресен, девет во Крива Паланка, осум во Крушево, по шест во Пробиштип и Делчево, по пет во Радовиш и Пехчево, по четири во Валандово и Кратово, три во Берово и два во Македонски Брод.

Од МЗ соопштија дека од Ковид-19 починале 26 лица, односно, седум пациенти од Скопје на 65, 50, 72, 65, 76, 60 и 80 години, двајца од Штип на 64 и 50 години, еден од Прилеп на 66 години, еден од Тетово на 71 година, двајца од Струга на 66 и 59 години, еден од Велес на 68 години, двајца од Битола на 55 и 57 години, тројца од Охрид на 77, 63 и 80 години, еден од Кавадарци на 71 година, еден од Гостивар на 73 години, еден од Струмица на 62 години, еден од Крива Паланка на 57 години, двајца од Радовиш на 82 и 72 години и еден од Делчево на 71 година.

Институтот за јавно здравје регистрирал 433 оздравени пациенти, односно, од Скопје-207, Куманово-20, Штип-13, Прилеп-32, Тетово-42, Велес-11, Битола-19, Кавадарци-6, Гостивар-7, Гевгелија-13, Струмица-10, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-11, Пробиштип-4, Берово-5, Виница-4, Кратово-1, Свети Николе-7, Кичево-10, Ресен-1 и од Неготино-1.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 42540, бројката на оздравени пациенти е 25353 на починати е 1212, а бројот на активни случаи изнесува 15975. Од вчера се регистрираат три контролни теста“, информираат од МЗ.

На Инфективната клиника во Скопје примени се десет пациенти, а вкупно се хоспитализирани 155 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 134 пациенти.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 деца позитивни и три суспектни на Ковид-19 и 27 возрасни пациенти позитивни и суспектни на вирусот.

„Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 7 пациенти.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 56 пациенти, на клиниката за неврологија 21 пациент, на кожната клиника 23 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 80, а во болницата во Штип се 60 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 534 позитивни и сомнителни на Ковид-19“, стои во соопштението на МЗ

Досега во земјава се направени вкупно 279.770 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.836 теста.