1.275 новозаразени со Ковид-19 во изминатите 24 часа – 13 лица починале

Министерството за здравство (МЗ) попладнево информираше дека во последните 24 часа се потврдени рекордни 1.275 случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 519 случаи во Скопје, 85 во Тетово, 75 во Прилеп, 70 во Куманово, 69 во Битола, 55 во Гостивар, 47 во Велес, 40 во Кавадарци, 36 во Штип, 39 во Струмица, 34 во Кичево, 30 во Струга, 24 во Охрид, 22 во Гевгелија, 20 во Кочани, 19 во Неготино, 15 во Радовиш и 13 во Пробиштип.

Потоа, по 12 случаи на Ковид-19 се регистрирани во Кратово, осум во Виница, по седум случаи во Крива Паланка и Делчево, по шест во Берово, Свети Николе и Ресен, пет во Македонски Брод и по два во Крушево, Демир Хисар и Валандово

Од МЗ соопштија дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале 13 лица, односно, еден пациент од Скопје на 86 години, еден од Штип на 87 години, четворица пациенти од Прилеп на 50, 65, 75 и 73 години, еден од Тетово на 71 година, еден од Струга на 31 година, еден од Битола на 65 години, еден од Охрид на 82 години, еден од Струмица на 82 години, еден од Кочани на 72 години и еден пациент од Берово на 76 години.

Институтот за јавно здравје регистрирал 502 оздравени пациенти, односно, од Скопје-306, Куманово-25, Штип-17, Прилеп-12, Тетово-12, Струга-9, Велес-12, Битола-14, Охрид-28, Кавадарци-6, Гевгелија-12, Струмица-17, Крива Паланка-1, Радовиш-3, Кочани-11, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Свети Николе-2, Кичево-5, Ресен-3 и од Неготино-1.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 36372, бројката на оздравени пациенти е 22526, на починати е 1084, а бројот на активни случаи изнесува 12762“, информираат од МЗ.

На Инфективната клиника во Скопје во изминатите 24 часа примени се седум пациенти, а вкупно се хоспитализирани 158 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 131 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се осум позитивни и едно дете суспектно на Ковид-19 и 23 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот.

„Во ГОБ „8 Септември“ има 9 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 13 пациенти.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 44 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 71, а во болницата во Штип се 52 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 452 позитивни и сомнителни на Ковид-19“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 262.446 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие е направен 3.331 тест.