1.039 новозаразени и 15 починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека во последните 24 часа се потврдени 1.309 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 546 случаи во Скопје, 83 во Прилеп, 48 во Гостивар, 41 во Битола, 38 во Куманово, 32 во Охрид, 30 во Тетово, 28 во Кичево, 27 во Штип, 25 во Велес, 24 во Струга, 18 во Кавадарци и по 14 случаи во Гевгелија и Ресен.

Потоа, девет случаи на Ковид-19 се регистрирани во Струмица, седум во Радовиш, шест во Демир Хисар, по пет во Крива Паланка и Пробиштип, четири во Крушево, по три во Македонски Брод, Валандово, Виница и Делчево и по еден случај е регистриран во Пехчево, Берово и Кратово.

Од МЗ соопштија дека од Ковид-19 починале 15 лица, односно, шест пациенти од Прилеп, од кои тројца на 69 години, двајца на 65 години и еден на 72 години, еден пациент од Скопје на 73 години, еден од Дебар на 60 години, еден од Велес на 71 година, еден од Битола на 64 години, еден пациент од Кавадарци на 66 години, еден пациент од Демир Хисар на 84 години, еден од Свети Николе на 56 години, еден од Кичево на 55 години и еден пациент од Ресен на 84 години.

Институтот за јавно здравје регистрирал 998 оздравени пациенти, односно, од Скопје-402, Куманово-63, Дебар-6, Штип-43, Прилеп-57, Тетово-72, Велес-86, Кавадарци-30, Гостивар-45, Гевгелија-19, Струмица-40, Крива Паланка-9, Радовиш-13, Кочани-34, Пробиштип-11, Македонски Брод-1, Берово-4, Валандово-4, Виница-14, Кратово-9, Свети Николе-19 и од Неготино-17.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 56164, бројката на оздравени пациенти е 33892, на починати е 1561, а бројот на активни случаи изнесува 20711. Од вчера се евидентираат два контролни теста“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 316.662 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.143 тестови.