„02 предизвик“ – повик за иновации за намалување на аерозагадувањето

Фондот за иновации и технолошки развој денеска објави јавен повик „О2 предизвик“ преку кој ќе финансира пилот иновативен производ, услуга, процес или методологија со кои ќе може да се продонесе во намалување на загадувањето на воздухот. Со повикот исторемено оваа институција почнува активности за поттикнување примена на иновации и во јавениот сектор за да го прошири пазарот за иноваторите.

За повикот, што е отворен до 30 месецов, се одвоени шест милиони денари. Треба да бидат доставени решенија од областите: користење енергија на греење, транспорт и мобилност и градежништво и урбани алтернативи. Може да аплицираат микро, мали и средни претпријатија, со чие вклучување Фондот сака да го прошири опфатот на корисници на средства за иновации и каде смета дека има неискористени потенцијали.

Решенијата може да се однесуваат на промена на навиките  и практиките за греење, нови технологии за следење и предвидување на состојбата со проблемот, промена на сообраќајните навики, поттикнување на намалување користење автомобили…

„Кога финасираме технолошко решение не подразбираме само филтер за воздух, туку и нова методологија на регулирање на сообраќајот во Скопје, Битола, Тетово, Штип…, Едно од решенијата може да биде поттикнување изработка на зелени покриви, рече на прес-конференција, директорот на Фондот за иновации и технолошкиот развој, Јован Деспотовски.

Прес-конференција за „02 предизвик“

При изборот ќе се оценува  проценката на влијанието на понуденото решение во намалување на загадување на воздухот, степенот на иновативност, вклучувањето други партнери, пазарниот потенцијал,..

Фондот ќе финансираа 90 проценти на проектот, а останатите 10 проценти ги покрива апликантот. Согласно буџетите кои ќе ги понудат апликантите ќе се одлучи дали ќе се финанисира едно или повеќе решенија.

„Ако има навистина квалитени дела во договор со Владата, Министерството за финансии и наши фондови кои ги имаме на располагање, можеме да се договориме и финансирањето  да го продолжиме и надолу на листата“, најави Деспотовски, кој лично очекува да пристигнат многу квалитетни проекти .

Избраните решенија ќе бидат понудени на министерствата, општините и град Скопје.

Според Луза Винтон, претставник на Канцеларијата на УНДП во Македонија, нема друго прашање кое ги загрижува  жителите на Скопје повеќе од загадувањето на воздухот, а кое надминува и десет пати од дозволените вредности. УНДП, како што најави, ги анализра причините и решенијата и ќе ги презентира во студија која резултира со тоа дека 32 процента на штетните честички се производ на греењето.

МИА