Уште две условни казни за демонстранти од 5 мај

Две условни казни од по три месеци, доколку во рок од една година не го повторат кривичното дело, добија двајца од демонстрантите на протестот од 5 мај, кои денеска пред судот ја признаа вината.

Судењето за други двајца демонтранти кои рекоа дека не се се виновни за делото за кои се теретат, ќе продолжи во петок.

Демонстрантите се обвинети за „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствие“.

На претходната група демонстранти, судот им изрече осум условни казни, додека еден од демонстрантите, вујкото на убиениот Мартин Нешковски, беше осуден на 10 месеци затвор, бидејќи претходно е осудуван за слично дело.

Третата група притворени демонстранти од антивладиниот протест од 5 мај, ќе биде изведена пред суд утре.