Студентите утре ќе ги освојуваат и техничките факултети

Откако студентите воспоставија целосна контрола врз Филозофскиот и Филолошкиот факултет, тие се решени утре, со почеток од 13 часот да создадат автономна зона и на техничките факултети,  така што ќе организираат локален Пленум.

„Одложувањето на примената на членовите од законот беше само прв чекор кон она што го бараме – нов закон со кој системски ќе го ревидираме концептот на високо образование“, велат студентите.

Вчера студентите од техничките факултети ја блокираа наставата и ги повикуваа своите колеги да ги напуштат предавањата и да ја бојкотираат наставата. Студентите сметаат дека вака создаваат притисок врз надлежните институции со цел да се почне подготовка на нов Закон за високо образование, шри чие носење ќе бидат вклучени студентите.