САД забранува на своите државјани да патуваат во Северна Кореја

Соединетите Американски Држави ќе воведат забрана за нивните државјани да патуваат во Северна Кореја, пренесува ББЦ според две туристички агенции кои функционираат во азиската земја.

Според нив, забраната ќе биде прогласена на 27-ми јули и ќе стапи на сила еден месец подоцна. САД засега не ги потврдиле овие информации.

Една од овие туристички агенции, наречена „Младински пионерски тури“, беше вклучена во туристичката посета на американскиот студент Ото Вармбиер на Северна Кореја, кој подоцна беше уапсен и осуден на 15 години затвор, додека минатиот месец беше вратен во САД во кома и почина по една недела.

Компанијата, со седиште во Кина, подоцна соопшти дека повеќе нема да прима посетители од САД во земјата.

Роуан Бирд од „Младински пионерски тури“ за ББЦ изјавил дека за забраната компанијата била информирана од шведската амбасада, која ги застапува американските интереси во Северна Кореја. Од таму ги повикале сите американски државјани веднаш да ја напуштат земјата.

30 дневниот период е даден како рок во кој сите Американци кои работат во земјата како туристи или на хуманитарна работа.

САД во минатото ја обвини Северна Кореја за притворање на нивни државјани кои ги користеле како пиони во преговорите околу програмата за нуклеарно оружје.

Тензиите се подигнати овој месец кога Северна Кореја соопшти дека успешно ја тестирале првата интерконтинентална балистичка ракета, последно во серијата прекршувања на забраната од САД.