Нов, посилен земјотрес го потресе Скопје

Земјотрес од 5 степени повторно го тресеше Скопје во 15 часот и 10 минути. Епицентарот според Европскиот медитерански сеизмички центар бил 9 километри североисточно од главниот град, односно на безмалку исто место како и двата земјотреси кои утринава ги разбудија граѓаните. Епицентарот бил на длабочина од 10 километри.

Според реакциите на социјалните мрежи, земјотресот бил почуствуван и во другите македонски градови.

Утрово два земјотреса го погодија скопскиот регион утрово нешто пред 7 часот. Првиот со јачина од 3,8 степени со епицентар на 6 километри источно од Скопје и вториот од 2,8 степени, кој се случил две минути по првиот, 5 километри источно од Скопје.

Засега нема прајавена поголема материјална штета од земјотресите.