Силен земјотрес го разбуди Скопје

Два земјотреса го погодија скопскиот регион утрово нешто пред 7 часот. Првиот со јачина од 3,8 степени со епицентар на 6 километри источно од Скопје и вториот од 2,8 степени, кој се случил две минути по првиот, 5 километри источно од Скопје. Епицентарот на двата земјотреса бил на длабочина од 3 километри, информираат интернет сервисите за регистрирање на земјотреси во реално време.

zemjotres-skopje-2

Јачината на земјотресот ги вознемири македонските граѓани. На социјалните мрежи тие раскажуваат дека земјотресот бил проследен со силен звук, додека некои граѓани сведочеа дека јачината на земјотресот толку ги исплашил што брзале да излезат од своите домови.

Засега на социјалните мрежи нема информации за поголеми материјални штети.

zemjotres-skopje-3