И денес без возови, продолжува штрајкот на 2.600 вработени во МЖ

Вработените во Македонски железници – Транспорт и Македонски железници – Инфраструктура и денеска ќе штрајкуваат поради две неисплатени плати.

Железничкиот сообраќај во Македонија е во прекин и не се знае кога ќе продолжи. Најавите се дека денеска треба да почнат преговори меѓу раководството на Македонски железници и Синдикатот за исплата на заостанатите плати од декември и јануари.

Во двата сектора, кои се три дена во штрајк, има околу 2600 вработени.