[Фото] Шарената револуција спречена кај МОН, движењето блокирано од сите страни

„Готово е Никола“, „Нема правда, нема мир“, „Не ве амнестираме“, извикуваат граѓаните во близина на Европскиот универзитет, каде се спречени од силно полициско обезбедување.

Протестот и денеска започна пред просториите на СЈО, а според репортерот на Радио МОФ, досега е најмасовен.

„Вистинските хулигани не се меѓу нас, вистинските хулигани се во власта. Протестирам за да живеам дома, протестирам за да не емигрирам“, вели студентката и активистка Долорес Поповиќ.

Колоната не може да се движи подалеку од Европскиот универзитет и крстосницата кај Паркот на новинари.

Демонстрантите кои се наоѓаат во непосредна близина на Министерството за образование и наука мирно се обидуваат да го поминат полицискиот кордон, скандирајќи „Дојдете со нас“ и „Спуштете ги штитовите“, но пристап кон било која од институциите им е оневозможен.

Протестот и контра-протестот на ГДОМ пред Собрание се засега мирни.