STR8OUT

str8out-novo

Радио емисија за соочување со и разобличување на доминантните политики на срам предизвикани од вековните практики на насилство врз маргинализираните и исклучените, политики кои се креираат врз дехуманизирачки и деградирачки основи и репродуцираат атмосфера на страв, срам, инфериорност, неправедност и нееднаквост. Слушателите ќе бидат воведени во теми и повикани на дискусија за феминизмот, нормативноста и нејзината критика, сексуалноста, родот и родовите теории, квир теориите и квир културата, граѓанскиот активизам и ЛГБТИ.

Закачете се секоја втора среда од 12:15 на брановите на Радио МОФ и споделете ги со нас вашите мислења, забелешки и сугестии на твитер со хаштаговите #str8out и #radiomof.

STR8OUT Season 4 by Radio Mof on Mixcloud