Roaring sounds

Roaring sounds е нова џез емисија во оваа сезона на радио МОФ. Водител на емисијата е Христијан Баневски, студент по новинарство од Куманово кој ќе се потруди ви понуди добра селекција на џез музика како и дебати, анализи и интервјуа за актуелностите во текот на целата недела кои ја засегаат младата популација.

Секој втор понеделник со почеток во 20 часот ќе ви биде исполент со класичен, свинг или смут џез, а освен тоа ќе имате можност да дознаете повеќе интересни факти за случувањата во градот, да слушнете рецензии за настани и разговор со интересни соговорници.

Ритамот и мелодијата во џез музиката не познаваат граници и често пати се импровизираат онака како што артистите се чувствуаат, па поради тоа на вас останува да се препуштете на моментот и за време на емисијата да дозволите музиката да ве прошета низ децениите од минатиот век.