Поларис

Поларис е емисија посветена на научната фантастика, фантазијата и хоророт во која Марјан Болтевски ги пренесува најновите информации од светот на овие жанрови. Во Поларис, чести се и рецензии на актуелни и класични наслови, специјални емисии за поджанрови, автори и настани, како и гостувања на лица по повод различни теми во врска со научната фантастика, фантазијата и хоророт. Патувањата од длабочините на умот до ѕвездите се на виртуелниот простор на Радио МОФ, секој вторник од 19:00 до 19:30.

Во продолжение, преслушајте ги досегашните епизоди на Поларис.