Црвен крст ЌОШЕ

ck-kjose-logoЦрвен крст ЌОШЕ, емисија за хуманоста, за волонтерите, за активностите на Црвениот крст на терен и за помош на оние на кои помошта им е неопходна. Ќошето ја отвора вратата преку која имаме можност да ја потсетиме јавноста за потребата, хуманитарните активности да станаат начин на живеење.

Секој четврток со почеток во 12.00 часот, многу гостувања, информации, разговори, интересни прашања кои ќе ве поттикнат да размислите, како го трошите вашето слободно време, и дали имате можност да одвоите бар еден час да помогнете некому?

Во продолжение, може да ги преслушате досегашните епизоди на Црвен крст ЌОШЕ.