Аcoustic stream

Аcoustic stream е музичка емисија посветена на акустичните верзии на сите повеќе и помалку познати рок, блуз, џез, реге, поп песни.

Оние верзии кои ги барате кога сакате нешто фино, нежно и квалитетно. Изведувани на концерти во живо или по дома, од оригиналните музичари или супер таленти кои го постигнуваат барем приближно истиот ефект. Некои од нив ќе ни дојдат и на гости.

Oва е еден час за опуштање преку акустично патување во понеделник навечер од 21 часот заедно со Викторија Мирческа.