Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) испрати претставка до Одделот за внатрешна контрола при МВР за приведувањето на новинарите Махмути и Ука, кои минатата недела беа бесправно задржани неколку часа во полициската станица „Кисела вода“, поради наводно снимање на судскиот совет за време на изрекување на пресудата за случајот „Диво Насеље“, соопштува ЗНМ.
Во претставката ЗНМ бара објаснување од полицијата за причините и основот за 6-часовното задржување на новинарите Махмути и Ука.
Освен тоа, ЗНМ бара полицијата да спроведе истрага за овој случај и доколку се утврди пречекорување на овластувањата на полициските службеници да се покренат соодветни дисциплински мерки.
Здружението очекува МВР брзо да ја разгледа претставката и ќе не известат за резултатите од истрага.
Претходно, ЗНМ јавно го осуди овој инцидент, карактеризирајќи го како тежок атак врз слободата на медиумите.