Жителите на Лабуништа утре повторно на протест – бараат да се затворат сите каменоломи

По кратка пауза, жителите на струшко Лабуништа за утре најавуваат нов протест. Ќе побараат да се затворат преостанатите три каменоломи.

Протестот е закажан за од 15 часот во организација на еколошкото друштво „Натура Лаб”.

Првите протести започнаа во јули, по што следуваше реакција од министерот за економија Крешник Бектеши, кој се сретна со жителите на Лабуништа. Но, засега се затворија само два од петте каменоломи.

„Ние како граѓани нема да састанеме тука, мора да се стави крај на секакво зло што се нанесува на Лабуништа и околните села, но пред се штетата што се нанесува на природата. Без разлика дали живеете во Лабуништа или не, запаметете дека истиот  воздух го дишеме сите, подеднакво“, стои во еден од повиците на еколошкото друштво „Натура Лаб“ за претходните протести.

Протестот ќе се одржи во месноста викана Калишта, на локалниот пат за с.Боровец веднаш пред каменоломите.