Жените во Пакистан протестираат против легализирање на тепање на сопругата на социјалните медиуми

Советодавно тело на пакистанската влада подготвило предлог-закон, со кој би се легализирало „лесно тепање“ на жената од нејзиниот сопруг доколку тоа е „потребно“. Како одговор, голем број жени протестираат на социјалните медиуми со своја фотографија и порака, под хаштагот #TryBeatingMeLightly.

Кампањата ја започнала Фахад Раџпер, како одговор на предогот на Советот на исламската идеологија, уставно тело составено од свештеници и академици, кое ја советува владата.

Во предлогот пишува дека на мажот треба да му биде дозволено лесно да ја тепа својата сопруга, доколку таа одбива да се облекува соодветно, разговара со непознати, зборува премногу гласно или дава пари на други луѓе без негова дозвола. Исто така, им забранува на жените да служат во војска или полиција, да добиваат титули во странски држави или да се појавуваат во реклами. Предлогот е жестоко критикуван од активисти и медиуми од сите страни на светот, пишува Mashable.

„#TryBeatingMeLightly е иницијатива која би ги охрабрила жените меѓу нас кои работат на идивидуално и колективно подобрување“, напишала Раџпер на Фејсбук. „Тоа е можност оние кои не можат, да го кажат гласно својот став“.

Фејсбук албумот на Раџпер за кампањата е споделен повеќе од 850 пати, а Пакистанките од сите возрасти придонесуваат кон сеа со своите храбри објави.