Зголемување на платите за 11.000 административци од март годинава

Околу 11.000 административни службеници од март годинава па сè до 2028 година ќе добиваат зголемување на платите од 8 проценти годишно, дополнето со законско усогласување со растот на минималната плата. По речиси две години преговори, притисоци и протести од страна на синдикатите, конечно е постигнат договор со Владата.

Договорот предвидува континуирано зголемување на примањата со цел постепено подобрување на животниот стандард на административците и намалување на заостанувањето на нивните плати во однос на трошоците за живот. Синдикатите оценуваат дека ова е значаен исчекор, иако нагласуваат дека борбата за достоинствени плати и подобри услови за работа продолжува.

Од Владата истакнуваат дека договорот е резултат на социјален дијалог и компромис, со цел да се обезбеди стабилност во јавниот сектор и мотивираност на вработените. Првото зголемување ќе се примени со мартовската плата, а договорената динамика ќе важи до 2028 година, доколку не дојде до ново поинакво усогласување.