Заврши јавната дебата по предлог Законот за забрана на пушењето во затворени простории. Како што информираат од Министерство за здравство, прифатени се голем дел од сугестии кои ќе бидат имплементирани во фуналната верзија на Предлог законот кој оваа недела се очекува да се најде на увид на владина седница.
Согласно информациите од Министерството за здравство, не се прифатени сугестии кои се однесуваат на олабавување на прописите со кои се забранува пушење во затворени простории, туку само делови кои се однесуваат на барање за допрецизирање на законските одредби.
По целосно финализирање на предлог законот, неговата финална верзија ќе биде дискутирана на седница на владата, а од Министерството велат дека очекуваат негово целосно усвојување во најскоро можно време.
Фото: Freepik