Затворениот ујгурски академик Илхам Тохти е добитник на наградата Сахаров

Ујгурскиот академик кој е затворен во Кина е добитник на наградата Сахаров на Европскиот парламент. Во негово име ја прими неговата ќерка Јевхер Илхам во Стразбург.

Илхам Тохти беше затворен доживотно поради обвинение за сепаратизам во 2014 година. Кина предизвика меѓународни реакции поради нејзиниот третман кон Ујгурите. Тие се домородно муслиманско малцинство, во западниот регион Ксинџијанг.

Тохти е научник по економија, познат по истражувањето за односите меѓу Ујгурите и Ханците.

Обвинителите на неговото судење во 2014 година тврдеа дека тој се занимава со сепаратистички активности, вклучувајќи и промовирање независност за Ксинџијанг на неговата веб-страница, „Ујгурски Интернет“.

Целта на веб-страницата била да ги едуцира и кинеските и ујгурските говорници за социјалните проблеми. Тој негираше дека е сепаратист.

Илхам вели дека не го видела нејзиниот татко од 2013 година и немала комуникација со него веќе две години.

Тој беше награден со наградата „Сахаров“ на Европскиот парламент за слобода на мислата и изразување за промовирање на „дијалог и меѓусебно разбирање“ меѓу ујгурскиот и другиот кинески народ.

Неговата ќерка вели дека тој бил прогласен како насилен екстремист, со болест што треба да се излечи и мозок кој треба да се испере.

„Благодарна сум за можноста да ја раскажам неговата приказна, затоа што тој не може сам да ја раскаже“, рече таа, која ја прими наградата воСтразбур веднаш до симболичното празно столче.

„Да бидам искрена со вас, не знам каде е татко ми. Во 2017 година беше последниот пат кога моето семејство слушна нешто за него “, изјави таа.

„Овој ден треба да биде ден на радост затоа што ја славиме слободата на говорот“, рече претседателот на парламентот Дејвид Сасоли.

„Наместо тоа, ова е ден на тага. Уште еднаш оваа столица е празна затоа што во светот во кој што живееме, остварувањето на нашата слобода на размислување не значи секогаш да се биде слободен “, дополни тој.

Пекинг е критикуван за неговата рестрикција против ујгурците во Ксинџијанг. Обвинет е и за опркужување и приведување на повеќе од милион Ујгури и етнички малцинства во огромни логори.

Пекинг инсистираше на тоа дека зградите се „центри за стручна обука“ во кои им помагаат на Ујгурите да се интегрираат во кинеското општество, во име на спречување на тероризам. Оттогаш се вели дека оние што се сместени во „камповите за превоспитување“ сега се „дипломирани“. Овие тврдења не се верификувани заради строгите контроли на Кина врз медиумите.