„Запознај го УКИМ“ е настан кој ќе се одржи овој викенд (31 март и 1 април), во големиот амфитеатар на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ за да ги запознае матурантите со можностите за студирање кои ги нудат факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Матурантите ќе имаат можност одблиску да се запознаат со факултетите на УКИМ и притоа да имаат непосреден контакт со професори и студенти од факултетите и можност да добијат одговор на секакви прашања поврзани со студирањето, а со цел донесување на полесна одлука за високото образование, како и својот понатамошниот кариерен пат.
Присуството на настанот пожелно е да се најави на следниот ЛИНК. Целосната агенда може да се погледне на ФБ страната „Запознај го УКИМ“.
Настанот е организиран во рамките на волонтерската програма „Make a change: Be a volunteer vol.5“ имплементиран од Младите Можат, а поддржан од Фондацијата Schüler Helfen Leben и повеќе компании. „Младите можат” е граѓанска организација чија цел е да ги поттикне младите луѓе да бидат активни граѓани.