Започнува исплатата за „МојДДВ“ за последниот квартал од 2020 година

Од Управата за јавни приходи известуваат дека започната е исплатата на парични средства на граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата „МојДДВ“ . Исплатата следува за месеците октомври, ноември и декември во 2020 година.

„Во последното тримесечје од 2020г. скенирани се 67.272.456 фискални сметки, вкупниот промет е 33.398.562.346,00 денари, а на граѓаните ќе им се вратат околу 382 милиони денари односно околу 6,1 милиони евра“, истакнуваат од институцијата.

Проектот „МојДДВ“ започна на 1 јули 2019 година со цел за сузбивање на сивата економија и враќање назад пари кај граѓаните.