Започна протестот против загадувањето, граѓаните со барања за долгорочно решение

Протестот за чист воздух и здрави деца започна пред просториите на Град Скопје. Собирот започна со обраќања на граѓани и активисти, а после говорите, граѓаните ќе маршираат од Фонтаната кај Градскиот парк, преку булевар Илинденско востание, па до Владата.

Таму ќе побараат да бидат примени кај премиерот Емил Димитров, за да му ги врачат своите 17 барања. Организаторите објавија дека претходно испратиле барање за средба со премиерот во 18:15 часот.

Иако и претходно во Скопје беа одржувани протести и герила акции против загадувањето, состојбата е се уште алармантна, а загадувањето, велат еколошките организации, е најголемо досега – околу 20 пати над дозволената граница.

Поради тоа, граѓаните бараат конкретни и долгорочни решенија кои треба да се исполнат во одредени рокови.
Обраќањата и маршот во живо преку видео стрим може да ги следите на Фејсбук страната на Радио МОФ.