Започна 65-то издание на филмскиот фестивал „Берлинале“

Со проекција на филмот „Nobody Wants the Night“ во главна улога со оскаровката Жулиет Бинош, започна 65-то издание на филмскиот фестивал „Берлинале“ кој ќе се одржува до 15-ти февруари. Воедно, започна и трката на 19 филма за престижната награда Златна мечка.

„Nobody wants the night“ - филмот со кој се отвори 65. издание на „Берлинале

„Nobody wants the night“ – филмот со кој се отвори 65. издание на „Берлинале“

По црвениот тепих на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин, ќе поминат легендарниот Вим Вендерс, кој е добитник на наградата за животно дело, но и Хелен Мирен, Никол Кидман, Кејт Бланшет, Натали Портман и десетици други големи ѕвезди.

За време на фестивалот ќе се прикажат околу 400 филмови, од големи проекти на холивудските студија, па се до експериментални независни филмови.

Покрај главното натпреварување за „Златната мечка“, филмовите се поделени во програмите: Панорама, Форум, Детски и филмови за млади, како и Перспективи на германскиот филм, каде што учествува и македонската акерка Наташа Петровиќ која ќе биде дел од екипата на филмот „Еликсир“, кој е снимен во германско-австралиска копродукција.

„Берлиналето“ се одржува во неколку кино сали низ Берлин, а главните настани се во „Сцена театарот“ на Потсдамер плац. Филмови ќе бидат прикажувани и во најголемото светско кино во „Фридрихштат Палас“.

На годинешното „Берлинале“ нема македонски филм, но на фестивалот ќе присуствуваат неколку македонски филмски работници кои што пред странските продуценти ќе се обидат да добијат поддршка за своите проекти.

Организаторите на „Берлинале“ и годинава во својата главна програма без право да се борат за награда ги стави двата големи комерцијални хитови „Пепелашка“ со Кејт Бланшет и екранизацијата на еротскиот роман „Педесет нијанси сиво“.