Закерберг: Фејсбук е подготвен да спречи манипулации, досега избришавме над милијарда лажни профили

Основачот на „Фејсбук“, Марк Закерберг смета дека компанија е подобро подготвена да се справи со политички манипулации кои би влијаеле врз исходот на ноемвриските избори за Конгресот на САД.

Закерберг беше на неколку пати критикуван дека „Фејсбук“ дека и дозволил на компанија од Британија за кампањата на Доналд Трамп да користи аналитички податоци што социјалната мрежа ги собира од своите корисници. Исто така, дека не спречил објавување на лажни вести од странски извори кои, според Демократската партија на САД, влијаеле Трамп да ја победи Хилари Клинтон.

„Денеска Фејсбук е подобро подготвен за вакви напади. Веќе идентификувавме и избришавме лажни профили во пресрет на изборите во Франција, Германија, Алабама, Мексико и Бразил“, вели Закерберг на „Фејсбук“.

Компанијата открила дека покрај руските групи за објавување на политичка пропаганда, постоела организација и во Иран, која на сличен начин се обидувала да влијае на политичките исходи во САД, Британија и низ Блискиот Исток.

„Досега имаме избришано над една милијарда лажни профили. Во повеќето случаи ги бришеме само неколку минути откако ќе бидат направени“, вели Закерберг.

Компанијата исто така планира воведување на проверка на вистинитоста на постовите, со што ќе може да брише коментари кои ќе содржат лаги и манипулации.