Министерството за внатрешни работи од денес започна со закажувањето термини за аплицирање за биометриски лични документи и преку мобилниот број 072/92 92 92
Ова е дополнителна можност покрај онлајн закажувањето преку веб страната на МВР (http://termin.mvr.gov.mk/) и со телефонското закажување на бројот 0800 192 92, кои досега беа единствените опции на граѓаните за закажување термини за аплицирање за лични документи.
Од МВР информираат дека се обезбедени 30 линии (оператори) кои ќе ги опслужуваат граѓаните и со тоа во голема мера ќе им се олесни побрзо да ги извадат своите лични документи.