Забава на чамци во Берлин за поддршка на ноќните клубови доби критики поради групирањата

Најмалку 1.500 луѓе се собрале на 400 чамци во канал во Берлин според германската полиција во настан кој доби остри критики на социјалните мрежи.

Фотографиите од настанот, организиран како поддршка за ноќните клубови, фестивалите и артистите од Берлин, покажуваат како стотици луѓе се групирани на мал простор без големо социјално дистанцирање, пренесува Еуроњуз.

Берлинската полиција соопштија дека организаторите го прекинале собирот по поплаки за силна музика и поголемо групирање.

Од учесниците на настанот претходно се барало да одржуваат дистанца од другите и да се групираат во членови на исто домаќинство според организаторите.

Забраната за групирање на отворен простор беа повлечени минатата недела во Берлин, сепак организаторите на овој настан јавно се извиниле за „несоодветниот исход“ пред болница, додавајќи дека не очекувале толку голем број луѓе да учествуваат на собирот.