„Youth Talks 2030“ е настан за млади од едукативно-забавен карактер кој има за цел да ги поттикне младите да размислуваат за нивната визија за општеството, да ја подигне еколошката свест и да овозможи простор за креативно изразување на иновативни идеи. Настнот ќе се одржи во Младинскиот културен центар во Скпје, на 12 јуни, со почеток во 15 часот.
На овој настан, 10 млади луѓе (средношколци и студенти) ќе имаат свои говори на сцена со цел да ја искомуницираат својата визија за темата која ја одбрале. Најдобрите говорници ќе одат во Луксембург (од 16 до 26 јули) на меѓународен семинар „Active Change Makers“ на кој ќе присуствуваат и млади од Германија, Шпанија и Хрватска.
Пријавувањето за учество се прави на ОВОЈ ЛИНК, а краен рок е 10-ти јуни. Учесниците на настанот со гласање ќе ги изберат најдобрите говорници. Влез за настанот се 3 празни батерии или нефункционален електричен уред (фен, телефон…)
Темите за комуниникација на визијата на општеството ќе бидат низ перспектива на „Целите за одржлив развој на Обединетите Нации (ЦОРОН)“ кои ја даваат и глобалната насока на светот за 2030 година. Темите се: сиромаштија, храна, здравје, образование, родова еднаквост, вода, енергија, работни места, индустрија и иновации, еднаквост, одржливи градови и заедници, одговорна потрошувачка и производство, климатска акција, живот под вода, живот на копно, мир и правда, градење партнерства.
Избраните 10 говорници ќе добијат менторска поддршка од страна на искусни говорници за подобра подготовка на „своите 5 минути“ на настанот. Изборот на говорници ќе биде врз база на квалитетот на апликацијата, креативност и страст, оригинална идеа
и ниво на мотивација.