Втора студентска конференција „Енергетска ефикасност и одржлив развој“

Втора студентска конференција „Енергетска ефикасност и одржлив развој“Под покровителство на Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје (ФЕИТ), од 25 до 27 април ќе се одржи втората студентска конференција „Енергетска ефикасност и одржлив развој“.

„Во последните децении сите ние сме сведоци на прекумерното користење на ресурсите на планетата Земја кои доведоа до многубројни проблеми како глобалното затоплување, прекумерното загадување и недостатокот на ресурси кои ќе овозможат нормален тек на животот. Областите кои се обработуваат на конференцијата, опфаќаат пронаоѓање на решенија за овие проблеми“, појаснуваат организаторите на студентската конференција.

Идејата и целта конференцијата е да се овозможи научно истражување во  областа на енергетската ефикасност од кое ќе произлезе богата размена на искуства и знаења.

На конференцијата можат да учествуваат студенти кои сакаат да изработат и достават труд на некоја од темите на фокус на конференцијата, професори кои стручно се занимаваат со оваа проблематика и сите компании кои во текот на своето секојдневно работење имплементираат методи кои се базираат на овие принципи.

Пријавувањето се врши преку веб страната на конференцијата. Краен рок за пријавување на трудовите е 20 февруари, а истите мора да бидат доставени најдоцна до 20 март.