Вооружен напад во Остин, најмалку еден починат и четворица повредени

Најмалку едно лице почина, а четворица се повредени во два одделни напади во Остин, Тексас. Полицијата вели дека веројатно двете стрелања се поврзани и координирани.

Властите објавија дека жена од околу 30 години била прогласена мртва на местото на настанот. Најмалку четворица други се ранети. Тројца од нив биле пренесени во болница, додека четвртиот одбил да биде третиран.

Првите стрелања се слушнале околу 2 часот наутро по локално време.

Во видео објавено на социјалните медиуми, сведок успеал да сними дел од стрелањето.

Полицијата на Остин ја предупреди јавноста да ја одбегнува областа на Твитер. Се уште не е познато дали напаѓачите се приведени и дали двата напади се поврзани.