Воени истражувачи дизајнираa „трансформер“ авион

Воздушниот и одбранбениот изведувач на Велика Британија, БАЕ Системс анализираше неколку концепти кои се можни алатки за војската во децениите што доаѓаат и доколку овие  дизајни се реализираат, идните бојни полиња ќе изгледаат како сцени од научно-фантастичен филм, пишува mashable.com.

Воени истражувачи дизајнираa „трансформер“ авион

Најинтересниот концепт се нарекува „трансформер“, авион кој всушност е составен од три авиони – голем, со облик на дијамант, и два помали авиони.

„Трансформерот“ е теоретски спосебен за подолги летови кои што штедат гориво со намалувањето на вкупното аеродинамично повлекување.

Заедно со „трансформерот“, фирмата откри и неколку други концепти на авиони, вклучувајчи и авион за самолекување наречен „the Survivor“ (видеото погоре). Овој авион прави поправки на својата надворешност во средината на летот, користејќи лесно леплива течност во рамките на моделот на јаглеродни наноцефки.

Но, иако БАЕ напредната истражувачка група е позната по измислувањето импозантни иновации, компанијата е внимателна и нагласува дека концептите се само предвидувања за тоа што би можело да биде можно до 2040 година.

–          Ние не знаеме какви точно видови на авионски технологии ќе се користат во 2040-та со сигурност. Но, одлично е да се биде во можност да и се покажат на јавноста некои можни концепти преку проектирање на тоа до каде технологијата може да стигне.”, вели Ник Колосимо, инженеринг менаџер од R & D тим БАЕ.

Извор: Mashable

Превод: М.К.