Акцијата „Да го заштитиме граѓанското општество“, поддржана од 122 организации и движења во Македонија, ќе биде претставена на денешната заедничка прес конференција која се одржува во Младинскиот културен центар, а е пренесувана во живо на Радио МОФ.
На прес конференцијата ќе се обратат Уранија Пировска (Хелсиншки комитет), Фани Каранфилова – Пановска (ФООМ), Аријанит Џафери (Еко Герила), Зекир Абдули (КХАМ – Делчево) и Кристина Ампева (Граѓанска иницијатива Гласно – Штип).