Во Турција суспендирана Конвенцијата за човекови права за време на вонредната состојба

Вице-премиерот на Турција Нуман Курулмуш најави дека Европската конценција за човекови права, според Член 15, ќе биде суспендирана за време на вонредната состојба, поради обидот за воен удар.

Куртумлуш изјавил дека „нема да се спроведе никаква акција против нацијата. Конвенцијата ќе биде суспендирана според Член 15, и нема да важи во наредните три месеци“.

„Нема да има полициски час, и нема да има компромис во фундаменталните права. Нема да има ни најмал прекин во функционирањето на слободниот пазар“, додал вице-премиерот.

Според него, Турција нема преживеано „такво предавство претходно, но сепак ја пребродува кризата“.

„Очигледно е дека подготвиле пуч за да ја разорат Турција, и сега има сериозен во државните институции. Првиот чекор е да се отпуштат членовите на FETÖ (Фетулахистичка терористичка организација), а потоа да се елиминираат дефицитите. Нашата цел е вонредната состојба да трае најмалку што е возможно, и се надеваме дека за 1-1,5 месец ќе ја укинеме и ќе се вратиме во нормала“, вели Куртумлуш.