Во сабота во Градски парк ќе „ѕвони за забава“

Матурантите ќе можат да се информираат за продолжување на нивното образование преку забава со познати пејачи и диџеи на предматурската забава „Ѕвони за забава“ што ќе се организира во сабота (27 април) напладне во Градскиот парк во Скопје.

Тинејџерите ќе можат да се забавуваат, да се дружат, да споделат љубов, а притоа да се информираат за нивните образовни можности по завршувањето на средното училиште. Организаторите велат дека ваков тип на настан се организира првпат во Македонија и има за цел да ги спои забавното со корисното. Тие најавуваат уникатни содржини за сите млади во сабота на Школка.

„Првпат забавата ќе биде комбинирана со едукација. Ќе бидат споделени многу интересни факти за образованието, матурите, забавата, музиката, љубовта… Во сабота дневната рутина не треба да биде иста. Наместо пиењето кафе во некое од скопските кафулиња, ги повикуваме средношколците да ги поканат пријателите и да присуствуваат на несекојдневната забава на Школка“, вели Боро Мирчески, менаџер за организација на настани од „Кликер“.

На забавата ќе настапат пејачите Тамара Тодевска, Дарко Илиевски, Димитар Андоновски, Магдалена Цветковска – Ена и диџеите Бранчез и Дела. Организаторите најавуваат и танци, подароци, попусти и други изненадувања.

Сите информации за настанот можат да се добијат на Фејсбук страницата „Ѕвони за забава“.