И покрај сите пречки кои ги донесе пандемијата од коронавирусот, каталонската пејачка Силвија Перез, позната по вокалот кој одговара и на џез, фадо и во фламенко звуците, пристигна во Скопје.
Со почеток од 20 часот во Филхармонијата, Перез ќе се претстави пред македонската публика со својот најнов проект „Фарса“.
Соло кариерата Перез ја започнува на 27-годишна возраст, компонирајќи своја музика и развивајќи индивидуален стилски израз. Досега, таа има соработувано со музичари како Joan Manuel Serrat, Jorge Drexler, Natalia Lafourcade, Gino Paoli, Javier Colina, Hamilton de Holanda, Rocío Molina, како и Toquinho.
“Новиот проект на Silvia, „Farsa“, претставува песни што таа ги напиша во содејство со други уметници и различни уметнички дисциплини: театар, филм, танц, сликарство, фотографија, поезија. Последните примери (сите од 2018) ги наоѓаме во филмот „La noche de 12 años“ (Дванаесетгодишна ноќ), оригиналната музика за делото „Grito Pelao“ со танчерката Rocío Molina и нејзините композиции за драмата „Cyrano“ со Lluís Homar. Во духот на ваквиот интердисциплинарен дијалог и воедначеност со целиот проект, значајна е и поврзаноста на фотографијата и песните“, велат организаторите.
Влезници во продажба кои може да се купат онлајн, или на билетарницата на Македонската филхармонија, пред самиот почеток на концертот.