Во МКЦ се стискаат палци, екипата на „Медeна земја“ зачекори на црвениот тепих

Во Младинскиот културен центар во Скопје се стискаат палци и организирано се гледа преносот од Оскарите, каде македонскиот филм „Медена земја“ е номиниран за Оскар 2020 во две категории. Екипата на документарецот „Медена земја“ пак зачекори по црвениот тепих во Лос Анџелес, на доделувањето на една од најпрестижните филмски награди во светот.

Радио МОФ вечерва го посети и МКЦ, кој пулсира со Оскаровската вечер. Граѓаните во доцните часови имаат можност да ја проследат манифестацијата на повеќе видео бима. По завршувањето на проекцијата на Медена земја, тие ги исполнија ходниците на МКЦ, а оттаму се упатија да го проследат настапот на култната група Фолтин.

Оскарите во МКЦ можат да се следат на нивната ФБ страница.