Американската дигитална платформа им дозволува на корисниците да дискутираат на деликатни теми, но корисниците се плашат дека апликацијата наскоро ќе биде цензурирана од Кина.
Кинеските интернет корисници се префрлија на социјалната мрежа „Клабхаус“ каде најчесто учествуваат во нецензурирани дискусии на теми како политика и човекови права, но и убивањето на Ујгурите. Сепак, постои страв дека популарноста на апликацијата може да доведе до цензура и инкриминација.
Апликацијата може да се користи само доколу претходно добиете покана, а таа е забранета за „Ајфон“. Преку апликацијата, корисниците можат да слушаат разни дискусии и интервјуа кои се водат во онлајн соби. „Клабхаус“ постои скоро една година, но раст во употребата и популарноста на апликацијата беше забележан минатата недела во Кина.
Како што пренесуваат медиумите, на онлајн платформите за продажба поканите за користење на апликацијата стигнуваат до 70 американски долари, а за време на изминатиот викенд, кинески новинари, аналитичари и „Твитер“ корисници ги надгледувале дискусиите помеѓу илјадниците кинески, ујгурски и тајвански „Клабхаус“ корисници, кои говореле на деликатни теми како казнените кампови во Сингјанг, прислушкувањето и демократијата.
Според лицата кои ги сведочеле разговорите, во онлајн собите детално биле опишувани сведоштвата за ујгурските казнени кампови и малтретирањето на територијата на Кина. Истовремено, биле споделувани и совети како да се насочат јавните разговори и да се заобиколат прекривањата на кинеската влада преку сведоштва на поранешни затвореници и семејства на моментални затвореници во камповите.
„Се чувствувам како непрекинато да следам слобода на говор“, новинарката Мелиса Чен напишала на „Твитер“.
Неколкумина нагласиле дека демографијата на корисниците не е репрезентативна на кинеската популација која брои 1.4 милијарди лица.
„Каналите за комуникација на кинески јазик беа преплавени од исселеници, а многу од корисниците живеат надвор од Кина. Имаше многу корисници од Хонг Конг и Тајван“, објавил новинарот Џејмс Грифинс.
Но, тоа што апликацијата дозволува да се дискутираат теми кои кинеските влади сакаат да ги стишат, многумина сметаат дека апликацијата нема да биде достапна за кратко време.
На кинескиот еквивалент на „Твитер“ – платформата „Вибо“, била споделена информацијата дека луѓето можат да говорат слободно на „Клабхаус“ и граѓаните да ја искористат ретката шанса слободно и безбедно да зборуваат за политика и родови прашања поврзувајќи се со лица од Хонг Конг и Тајван. Еден од корисниците на „Вибо“ ја нарекол апликацијата „Клабхаус“ – „Кинеска ренесанса“.
Интернетот во Кина е регулиран и цензуриран од страна и на властите и на интернет провајдерите. Социјалните мрежи како „Фејсбук“, „Твитер“, „Јутјуб“ се забранети, а луѓето и новинарите кои ги користат се затворени.
Извор: Guardian